Започнете да градите денес!

Производство на глинени тули со висок квалитет, произведени на традиционален начин со мешање на песок со глина.

Е-каталог

За нас

АД ИГМ Еленица произведува високо квалитетни тули и производи од глина за изградба на домаќинства и комерцијални градби уште од 1954 година. Од раните почетоци кога сеуште преовладуваше теоријата дека една големина на тула одговара за сè, ние се прилагодивме на потребите на градежната индустрија. Како што тулите почнаа се повеќе да се употребуваат и бенефитите од градењето со тула станаa сe поочигледни, се појави потреба од повеќе видови на модели. Не заостануваше и потребата за иновативност во поголеми димензии, па дури и специјални форми за да се постигне посакуваниот изглед. Отсекогаш сме внимавале на овие потреби и останавме во чекор со потребите за нови производи во градежната индустрија.

АД ИГМ Еленица секогаш се грижи да гради и негува трајни врски со градежното општество, понудувајќи ги најдобрите производи и извонредни услуги по фер цена. Наша залог е да го одржиме високото ниво на интегритет, еднаквост, стабилност и професионализам на градежниот пазар.

Веруваме дека комбинацијата од добро осмислен дизајн, користењето на најдобрите достапни суровини и совршеното занаетчиство ќе дадат градби кои ќе траат вечно.

Започнете да градите денес!

Новости

Информирајте се за сите новости и настани во нашата компанија

АД ИГМ Еленица се ребрендира

Дознај повеќе

65 години АД ИГМ Еленица

Дознај повеќе

Контакт

Отворени сме за секаков вид соработка. Слободно контактирајте не.

Контакт информации:

АД ИГМ Еленица
     ул. „Маршал Тито“ бр. 222
     2400 Струмица, Република Македонија

+389 34 345-046

+389 34 345-043

info@elenica.com.mk

Работно време 07:00 - 15:00

Испратете електронска пошта